Вчера, македонскиот ракометен првак Вардар доживеа пораз од Војводина (33-24) во последното коло од групната фаза на СЕХА-лигата. За овој дуел свое видување по крајот на истиот дадоа асистент-тренерот Владо Недановски и Дибиров Тимур.
Недановски: Војводина не надигра денес, беа доста подобар противник од нас во текот на целата средба. Ни фалеа клучни играчи, ама тоа не смее да биде алиби. Моравме да бидеме подобри, посебно во дефанзивата од играта.
Дибиров: Честитки за Војводина. Секогаш се чувствувам убаво кога играм тука и ова беше заслужена победа за домаќините. Имаме многу работи да поправиме за да бидеме подобри на следната средба.