Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ѕвездите на Жрк Вардар гости в недела на “јуниор лигата“
Ѕвездите на  Жрк Вардар гости в недела на “јуниор лигата“

Ѕвездите на Жрк Вардар гости в недела на “јуниор лигата“

Во недела во Спортско рекреативниот центар “Кале “ ќе се одигра третото коло од вардаровата “јуниор лига“. Тој ден ќе се натпреваруват и најмалите категории на Ракометна Академија Вардар, родени во периодот од 2004 до 2009 годиште. Нашиот клуб има специјално изненадување за најмладите членови на големото црвено-црно семејство, а тоа е посета на ѕвездите на женскиот ракометен колектив. Во известувањето од нашиот клуб за ова се вели:

Изненадување за сите ќе биде присуството на некои од идолите на ракометните надежи. Од женската сениорска екипа на Вардар некои ракометарки ќе бидат присутни во салата, и ќе им покажат на дело некои од тајните на младите ракометари.

Имињата на девојките кој ќе се појават во недела како што велат од клубот ќе бидат изненадување за најмладите кои ќе бидат присутни. Исто така девојките од Жрк Вардар ќе имаат различни улоги во недела , како што се вели потоа:

Кои ракометарки ќе бидат присутни ќе се знае на самиот ден на натпреварите. Некои ќе бидат на трибината, некои на клупата за резервни играчи, некои пак ќе ги советуваат тренерите. Вардар јуниор лигата не е само натпреварување, туку истовремено и дружење на децата, и воспоставување на нови врски и пријателства.