Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Неизвесност во најсилната група Б од лигата на шампиони
Неизвесност во најсилната група Б од лигата на шампиони

Неизвесност во најсилната група Б од лигата на шампиони

Во саботата екипата на Рк Вардар го одигра последниот натпревар за оваа година во најсилната група Б од лигата на Шампиони. Нашиот ракометен шампион на успешен начин ја заврши годината во најголемото натпреварување со убедлив триумф против Колдинг, во арената Ј. Сандански. Освен почетното водство на Данците, се останато до крајот на дуелот помина во црвено-црна доминација. Вардарци го вратија препознатливиот сјај и квалитет и му наплатија на противникот за оној пораз во Данска. Избраниците на Гонзалес одиграа одличен натпревар во сите сегменти на играта, одбраната повторно функционираше на она високо ниво, додека нападот беше разновиден каде постигнувавме голови од сите позиции. Самиот резултат од 34:24 говори за нашата супериорност, иако во еден момент имавме и највисоки 13 голови разлика. Штербик повторно одличен на својот гол, во првиот дел имаше 12 одбрани. Во последните 20 минути своја шанса доби и Милиќ, кој повеќе од солидно ги одбработи минутите поминати на голот.

Најголемото изненадување во оваа група се случи во арената “Палау Блауграна“. Европскиот првак Барселона доживеа непријатен пораз на домашен терен од екипата на Киелце. Иако во најголем дел од мечот имаа предност, во последните десет минути дојде до несфатлив пад на Шпанскиот првак. На полувреме заминаа со водство од 19:16. Сепак Килеце подобро се снајде во финишот, за конечен триумф од 31:33. Ниту 11 погодоци на Лазаров не беа доволни за победа. Овој пораз на Барса од Киелце, ја закомпликува ситуацијата за втората позиција на табелата, каде Вардар до крајот ќе се обиде да дојде до неа. Пик Сегед забележа важна победа во борбата за што подобар пласман на крајов од групната фаза. На свој терен беа посупешни од Рајн-некар со резултат 30:24. Заслужена победа на Унгарците, кои имаа постојано водство во текот на целиот дуел. Бомбач ги предводеше со 11 погодоци. Борбата за шестото место на табелата, кое на крај води во 1/8 рунда се водеше во Шведска, помеѓу главните конкуренти за оваа позиција. Монпелје ја доби битката со Кристијанштад, што на крајот најверојатно ќе им донесе пласман во следната елиминациска рунда.

Во наредниов период претстои подолга пауза во лигата на шампиони, поради претстојното европско првенство кое ќе се одирга во Полска. Следниот натпревар за Вардар во ЛШ е на 11 февруари на гостински терен, против германскиот бундеслигаш, екипата на Рајн-некар.

 1. Барселона 15

2. Киелце  14

3. Рајн-Некар 13

4. Пик Сегед  13

5. Вардар    12

6. Монпелје  7

7. Кристијанштад  4

8. Колдинг  2