Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција за натпреварот со Загреб
Прес-конференција за натпреварот со Загреб

Прес-конференција за натпреварот со Загреб

Утре со почеток од 11 часот, во конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански ќе се одржи прес-конференција, по повод ракометниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Загреб. Ова е дерби дуел од сеха-лигата. На првиот меч во Загреб поуспешен беше Хрватскиот шампион. Ова е одлична шанса за избраниците на Гонзалес да го продолжат победничкиот ритам од саботниот меч во лигата на шампионите.

Значењето на овој дуел добива поголема тежина, поради гостувањето на популарниот Вујо во Скопје. Ова е второ за него, откако го напушти Вардар. Првото соучување со својот некогашен тим и Комити, беше на Кале, исто така во рамки на сеха лигата.