Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нека продолжи традицијата: Горпишин доаѓа како „анонимец” во Скопје
Нека продолжи традицијата: Горпишин доаѓа како „анонимец” во Скопје

Нека продолжи традицијата: Горпишин доаѓа како „анонимец” во Скопје

Нов пивот на Вардар ќе биде 21-годишниот Сергеј Горпишин, син на некогашниот руски репрезентативец Вјачеслав Горпишин, кој беше олимписки шампион во 2000 година. Горпишин во редовите на Вардар доаѓа од германскиот тим на Ерланген, каде беше дел изминатава сезона.

Посакуваме да продолжи традицијата во Вардар, па исто како и Мораес, Милосављев, Криштопанс.. Горпишин да биде идната sвезда, која доаѓа во Скопје на „мала врата”, а потоа станува играч за кого ќе зборува ракометна Европа и ќе го бараат ракометните великани.

Со новиот играч Горпишин, навивачите на Вардар ќе можат да се запознаат некаде на средина на месец јули, кога и официјално се очекува да ги „запали моторите” Европскиот шампион.