Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ФОТО: Вардар не е политичка партија, но може да собере и преку 200.000 илјади навивачи на „Плоштадот Македонија”
ФОТО: Вардар не е политичка партија, но може да собере и преку 200.000 илјади навивачи на „Плоштадот Македонија”

ФОТО: Вардар не е политичка партија, но може да собере и преку 200.000 илјади навивачи на „Плоштадот Македонија”

Вардар не е политичка партија, не е ниту познат музички бенд, но затоа е срцето и душата на Скопје, а и многу пошироко!

„Плоштадот Македонија” беше премал да ја собере „црвено – црната” армија навивачи во 2017 година кога за прв пат РК Вардар страна Европски првак во ракомет. По две години, ретко кој веруваше дека ќе бидеме уште по бројни и ќе не има над 100.000 илјади „црвено – црни” фанови повторно на „Плоштадот Македонија” кој беше подготвен да ги чека хероите уште еден ден ако е потребно!

На крајот, Вардар уште еднаш потврди дека е нешто повеќе од клуб и дека има феноменални навивачи. Од старо до младо, сите ведро расположени со песна се радуваа на втората титула.

За крај.
Сакајте го Вардар!
Доаѓајте на натпревари во текот на целата сезона!