Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > Црвенковска: Ова е неверојатно чувство, прва сезона и титула во ЛШ, во Вардар сме семејство
Црвенковска: Ова е неверојатно чувство,  прва сезона и титула во ЛШ, во Вардар  сме семејство

Црвенковска: Ова е неверојатно чувство, прва сезона и титула во ЛШ, во Вардар сме семејство

Таа е првата дама која дојде до највисокото место во машкиот клубски ракомет, европскиот трон во ЛШ. Билјана Црвенковска беше првата жена на   тренерската клупа на еден тим во Лигата на шампионите, судбината сакаша таа уште во првата сезона да се закити со злато.   Во интервју за ЕХФ зборува за ова нејзино искуство, односно како прва дама која најпрво учествуваше во машката ЛШ, а потоа дојде и до пехарот.

-Ова е неверојатно чувство, од првата сезона до титула во Лигата на шампионите. Но немаше да ја освоиме титулата, ако играчите не го одиграа договореното. Затоа ова е нивна заслуга. Јас сум во секундарна позиција. Затоа сите честитки одат до нив. Имам одлична соработка со Парондо. Му помагав со анализите на противниците. И не само со Парондо, имам одлична соработка со сите.

Кога е во прашање дали на играчите им  е необично што работат со жена тренер, Црвенковска вели:

-Тоа на крајот се покажа дека не им е. Во Вардар сме една голема фамилија, па не е важно дали е инволвирана жена или маж. Тоа е исто.