Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По пионерската титула, пионерките на Вардар ќе ја напаѓаат и кадетската
По пионерската титула, пионерките на Вардар ќе ја напаѓаат и кадетската

По пионерската титула, пионерките на Вардар ќе ја напаѓаат и кадетската

Одамна се знаеше  дека се шампионски тим, во својата пионерска категорија издоминираа со максимален ефект во групата, таму имаа десет победи во исто толку меча. На Ф-4 турнирот во Делчево, пионерките на ЖРК Вардар се “прошетаа“ до пехарот. Остана пред нив кадетската лига, конкуренција во која се значајно помали и во која сите мислеа дека само ќе збираат искуство, но тие и овде блеснаа, покажаа дека треба да се смета на оваа група талентирани и храбри девојки.

На зимска пауза заминаа како 3-ти, тоа беше место кое не обезбедуваше пласман на завршниот Ф-4 турнир во оваа повозрасна категорија. Сепак брилијантниот пролетен дел, седум победи на исто толку мечеви ги вивнаа на врвот. Завршија како лидери со идентичи 37 бода како и Деспина. Девојките на Платон и Папуџиева успеаа да покажат класа, победија на сите мечеви без разлика дали дома-гости со лидерите или со тимовите од дното, едноставно одеа на победа уште по првата судиска свирка.

Се надеваме иако се најмали на овој завршен турнир кој  ќе се одржи во салата „Р. Р. Ричко“ – Прилеп,  утре, сабота (08.06) младите девојки повторно ќе блеснат. Квалитетот е на нивна страна, годините исто тие се помали од ривалките па самиот пласман во најдобрите четири е голем успех, сепак сеуште го немаат кажано последниот збор.  Детали околу Ф-4 турнирот може да најдете на нашиот сајт ТУКА