Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед ја распродаде целосно салата за мечот со Вардар
Пик Сегед ја распродаде целосно салата за мечот со Вардар

Пик Сегед ја распродаде целосно салата за мечот со Вардар

Салата „Вароши“,  беше среќна за црвено-црните, на  минатогодишната четвртфинална пресметка токму од неа, Вардар „визираше“ пат за Ф4 каде што се круниса. Пик Сегед мораше да се помири со фактот дека вардарци беа поумешен ривал.

Во Сегедин веќе се загрева атмосферата за новата битка помеѓу Пик Сегед и Вардар. Билетите за овој меч, средбата која е закажана за 29. март, денес беа пуштени во продажба  и веднаш стигна информација дека се распродадените. Европскиот првак ќе гостува пред полна сала, каде домашните навивачи ќе се обидат да му помогнат на тимот конечно да се пласира на завршниот Ф-4 турнир во Келн.