Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ПСЖ најголем фаворит за освојување на ЛШ, ЕХФ не го смести Вардар ниту во првите 5 претеденти
ПСЖ најголем фаворит за освојување на ЛШ, ЕХФ не го смести Вардар ниту во првите 5 претеденти

ПСЖ најголем фаворит за освојување на ЛШ, ЕХФ не го смести Вардар ниту во првите 5 претеденти

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, вообичаено ЕХФ направи избор на ТОП-5 екипи кои имат најголеми шанси да ја освојата Лигата на Шампионите. Интересно во првите пет екипи нема место за поранешниот шампион на Европа, тимот на Вардар.

Заминувањето на неолку важни играчи од екипата, како Штербик, Абутовиќ, Македа, како и на тренерот Гонзалез беа доволни за експертите во ЕХФ да не ги сместат црвено-црните во екипите со најголеми шанси да го поддигнат драгоцениот трофеј.

Најголеми шанси му се даваат на ПСЖ, кој последните три сезони се наоѓаше на завршниот турнир, но никако не успеваше да стигне до титулата. Втора е екипата на Барселона, додека на третото место е Веспрем. Интересно Рајн-Некар се најде на четвртото место, додека петтото е за екипата на Пик Сегед.

На половина од натпреварувањето, сигурно дека ЕХФ ќе направи нов преглед откако ќе се види како ќе одиграат екипите. Вардар започнува во Франција, во сабота против екипата на Монпелје.