Трета победа од исто толку одиграни натпревари во СЕХА-лигата, за екипата на Вардар. Црвено-црните славеа на гостувањето кај Татран Прешов, во еден неизвесен финиш на крајот бодовите заминуваат во Скопје. После завршување на мечот, тренерот Гарсија Парондо ги сподели впечатоците од триумфот против шампионот на Словачка.
-Добивме еден крајно неизвесен натпревар. Имавме добри десет минути во првиот дел и успеавме да изградиме предност. Потоа во вториот дел како да застанавме, а домашниот тим се врати во мечот и приреди неизвесен финиш. Но, среќен сум што победивме, истакна Парондо пред медиумите.
Во отсуство на Горбок, во екипата повторно се најде младиот Марко Мишевски, кој истакна дека во овој момент најважна е победата.
-Нашиот напад на средбата беше подобриот сегмент во играта. Мора да се подобриме во одбраната, затоа што е познато правилото дека одбраната ги добива мечевите. Добро се подготвивме за овој меч и на крајот дојдовме до победа. Тоа е тоа што ни значи во моментов.