Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нерешен резултат за машката кадетска репрезентација, на вториот контролен натпревар со Бугарија
Нерешен резултат за машката кадетска репрезентација, на вториот контролен натпревар со  Бугарија

Нерешен резултат за машката кадетска репрезентација, на вториот контролен натпревар со Бугарија

После првата победа на контролниот натпревар против селекцијата на Бугарија, нашата машка кадетска репрезентација одигра со нерешен резултат на вториот контролен дуел со истава селекција. Конечниот резултат на оваа средба гласеше 25:25.

Голем дел од овој дуел беше израмнет, иако Македонија беше репрезентацијата која беше почесто во водство. На полувреме противникот имаше предност од 11:10. По 10 минути игра во второто полувреме, избраниците на Илија Темелковски повторно успеа да го свртат резултатот во своја корист и да поведат со 14:16. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, иако нашите млади надежи имаа водство од 23:21, на пет минути до крајот на натпреварот.

Двата контролни натпревари со Бугарија, беа како подготовка за главниот предизвик кој им претстои во наредните шест дена. Првиот е денес на ЕХФ шампионатот, против селекцијата на Кипар, меч кој ќе започне од 14 часот. Во група се наоѓаме уште со Унгарија, Косово, Украина и Ерменија. Да потсетиме дека во составот се наоѓаат и четворица играчи на РК Вардар.