Двете пионерски екипи на РК Вардар, машката и женската беа дел од силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“ кој се играше во Србија во изминатите денови. Девојките на Платон и Папуџиева дојдоа до злато, додека момците завршија како “сребрени“.
Голманката на пионерките, Вероника Ѓорѓиевска успеа само вчера да собере три признанија. Најпрвин беше прогласена за најдобар играч на финалето во пионерска конкуренција. Потоа во истата конкуренција беше избрана за најдобар голман, но не застанаа тука признанијата. Таа е прогласена за најдобар голман на цел турнир кај дамите, Вероника бранеше фантастично на цел турнир особено во финалниот натпревар. Нејзините три награди погледнете ги на фотографиите, таа едноставно покажа дека е врвен квалитет на голман, нејзин тренер е г-н Царчев Александар.
Младиот член на пионерската екипа на ракометниот клуб Вардар, Илија Табаков исто така доби признание. Пуленот на Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов во пионерска конкуренција доби награда за “најдобар асистент“. Тој успеваше да има најголем број на точни завршни пасови со соигрaчите.