Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан се наоѓа на високото шестто место, на листата на најдобри стрелци во ЛШ
Вуко Борозан се наоѓа на високото шестто место, на листата на најдобри стрелци во ЛШ

Вуко Борозан се наоѓа на високото шестто место, на листата на најдобри стрелци во ЛШ

Вуко Борозан ја игра својата втора сезона во редовите на Европскиот шампион и покажува дека моментално се наоѓа во ТОП-5 најдобр леви бекови. Оваа сезона игра одлично во црвено-црниот дрес и е најефикасен играч во редовите на Вардар. Репрезентативецот на Црна Гора се наоѓа на високото шесто на листата на најдобри стрелци во лигата на шампионите. Борозан има постигнато вкупно 46 голови, или само четири помалку од Доне ( Бешикташ), Генсхајмер (ПСЖ) и Лекаи ( Веспрем) кои се наоѓаат на првите три места, со идентичен број на постигнати голови, или вкупно 50.

Највеќе погодоци, Борозан постигна на гостувањето во Унгарија, кога ремизиравме со екипата на Пик Сегед, додека на последните два меча во групата А, Борозан имаше постигнато по 7 голови. Што се однесува до најдобрите стрелци кај Вардар, второто место е за Иван Чупиќ, кој зад неговото име има 31 погодок.