Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со Радичевиќ и без Кликовац, новиот селектор на Црна Гора го објави списокот на ракометарки за претстојното СП
Со Радичевиќ и без Кликовац, новиот селектор на Црна Гора го објави списокот на ракометарки за претстојното СП

Со Радичевиќ и без Кликовац, новиот селектор на Црна Гора го објави списокот на ракометарки за претстојното СП

Новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Црна Гора, Пер Јохансон го објави конечниот список на ракометарки, на кои ќе може да смета за претстојното светско првенство во Германија. На него “изненадувачки“ не се најде ракометарката на Вардар, се работи за столбот на одбраната, Андреа Кликовац. Стратегот од Шведска на неколку дена пред мундијалот беше именуван за нов тренер, откако федерацијата на Црна Гора се реши да го отпушти Драган Аџиќ, кој наводно имал недоразбирање со неколку ракометарки од оваа репрезентација. На списокот за повикани играчи, се најде Јованка Радичевиќ, десното крило на Вардар.

Црна Гора на СП во Германија ќе се натпреварува, заедно со репрезентациите на Русија, Бразил, Данска, Јапонија и Тунис.