Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет играчи на Европскиот шампион, номинирани во изборот за најдобар тим на светот за 2017 година и најдобар светски играч
Пет играчи на Европскиот шампион, номинирани во изборот за најдобар тим на светот за 2017 година и најдобар светски играч

Пет играчи на Европскиот шампион, номинирани во изборот за најдобар тим на светот за 2017 година и најдобар светски играч

Седма последователна година, реномираниот ракометен портал “Хандбал планет“ врши избор на најдобар светски ракометар за 2017 година. Дури 30 новинари од 27 различни земји направија избор на 32 ракометари, по 4 на секоја позиција, за кои ќе се гласа за најдобри на својата позиција, кои ќе влезат во најдобриот тим на светот, за годината која полека изминува, а само еден ракометар ќе ја понесе титулата за најдобар светски играч. Фановите на социјалната мрежа, “Фејсбук“ ќе можат да глааат за омилените играчи, се до 7-ми декември кога ќе се затвори гласањето и ќе бидат претставени најдобрите. Во овој избори се најдоа дури шест играч на Европскиот шампион, кои ќе се борат да се најдат во најдобриот тим и да го понесат епитетот за МВП на годината.

На позицијата за најдобро лево крило е номиниран Тимур Дибиров, на кој конкуренти ќе му бидат Толбринг (Рајн-Некар), Генсхајмер ( ПСЖ) и Сигурдсон ( Рајн-Некар). За Дибиров можете да гласате на линкот, ТУКА. 

Вардаров играч има номинирно и на позицијата лев бек. Се работи за најдобриот стрелец на црвено-црните, Вуко Борозан, кој е всушност и шестти најефикасен играч во лигата на шампионите. Вуко ќе има конкуренција, во Сагосен и Хансен од ПСЖ и Илиќ од Веспрем. За Борозан гласајте на линкот, ТУКА. 

Лука Циндриќ ќе се бори за најдобар на позицијата среден бек, заедно со Лекаи ( Веспрем), Шмид (Рајн-Некар) и Карабатиќ ( ПСЖ). Гласајте за Циндриќ, на линкот ТУКА. 

“Кралот“, Арпад Штербик очекувано се најде во изборот за најдобар голман. Во оваа категорија се уште и Андерсон (Фленбург), Ландин ( Кил), Перез Де Варгас ( Барселона). За Штербик гласајте на линкот, ТУКА.

Илија Абутовиќ се најде во изборот за најдобар дефанзивен играч, заедно со Карлсон (Фленсбург), Карабатиќ (ПСЖ), Морос ( Барселона). За Абутовиќ можете да гласате на линкот, ТУКА.