Градот Брест ќе биде домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи од СЕХА-лигата. Ваква одлука денес донесоа челните луѓе на ова натпреварување.
Завршниот турнир ќе се одигра на 2 и 3. април, а четири екипи ќе имаат можност да се борат за трофејот. Тоа се Вардар, Брест Мешков, ППД Загреб и Нексе. Се уште не се познати полуфиналните двојки, со оглед дека не се знае конечниот редослед на табелата, истиот ќе биде познат после одигрување на последното 18.коло. Три екипи на врвот имаат по 39 бодови, тоа се нашиот Вардар, Нексе и Загреб, додека Брест Мешков е на четвртото место со 36 бодови.
Вардар знае како е да се освои трофеј во сала „Викторија“ која ќе биде домаќин на Ф4, со оглед дека и пред две сезони во истава сала го освои првото место. Инаку Вардар е најтрофејниот тим во СЕХА-лигата со четири освоени трофеи, два се за Веспрем, додека еден има ППД Загреб.