Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Грујовска, Џатевска, Николиќ, Петковска, Седлоска и Божиновска со повик за младинската селекција
Грујовска, Џатевска, Николиќ, Петковска, Седлоска и Божиновска со повик за младинската селекција

Грујовска, Џатевска, Николиќ, Петковска, Седлоска и Божиновска со повик за младинската селекција

Селекторот на Женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела (18-24 март 2019 година) против репрезентацијата на Црна Гора. Во рамки на ЕХФ неделата младинките ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

Првиот натпревар ќе се одигра на датум 22.03.2019 во 15:00 часот во спортската сала во Автокоманда, ден подоцна на 23.03.2019 со почеток во 10:00 часот во спортската сала Автокоманда ќе се одигра и вториот контролен натпрвар.Собирот е закажан за ден 18.03.2019 (понеделик) со почеток во 15:00 часот во Спортска сала Автокоманда во Скопје.

Повици  од Вардар добија одличниот голман на Вардар, Симона Грујовска, пикерот Џатевска Ивана,  Андреа Седлоска која се врати по повредата, една од најефикасните крилото Мирјана Петковска и бековите кој играат одлично оваа пролет Милица Николиќ и Ана Марија Божиновска.

53556633_2295021287185525_1675931071083970560_n