Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 16коло! ЖРК Вардар и ривалите од врвот со победи овој викенд
Преглед 16коло! ЖРК Вардар и ривалите од врвот со победи овој викенд

Преглед 16коло! ЖРК Вардар и ривалите од врвот со победи овој викенд

Викендов низ земјава во пет сали се одигра 16.коло во женската ракометна Супер лига. Водечките пет екипи на табелата имаа дуели со тимовите од втората половина на истата и во сите успеаа фаворитите да победат. Од водекото трио Металург дома го совлада засилениот Спартак, кумановки имаа лесна задача во гости кај “фенерџијата“ Овче Поле.

ЖРК Вардар издоминира во средбата на домашен терен во “Јане Сандански“ со тимот на ЦЕМС од Скопје. Поведовме рано, лесно ја зголемувавме предноста па на одмор заминавме со десет позитива 18-8. Во вториот дел исто така зголемивме за нови десет гола победувајќи со 34-14 на овој дуел. Кај нас Грујовска и Трајкоска имаа по 7 одбрани, Петковска погоди 6 пати, Седлоска еднаш помалку, а пикерот Џатевска стрелаше умешново 4 наврата.

- ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ – ЖРК КУМАНОВО 14 – 57
- ЖРК ДЕСПИНА – ЖРК ПЕЛИСТЕР 22 – 29
-ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК СПАРТАК 39 – 24
- ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК ГЕВГЕЛИЈА 27 – 18
ЖРК ВАРДАР – ЖРК ЦЕМС 34 – 14