Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јуниор лига: Момците на РК Седмерец Вардар и РК Бисинов со победи во генер.2008/09
Јуниор лига: Момците на РК Седмерец Вардар и РК Бисинов со победи во генер.2008/09

Јуниор лига: Момците на РК Седмерец Вардар и РК Бисинов со победи во генер.2008/09

Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје се одигра вториот натпреварувачки ден од Јуниор лигата за овој викенд. Кај момците во генерација 2008/2009 година еипите на РК Бисинов од Велес и РК Седмерец од Охрид дојдоа до победи во соочувањето со ривалите.

Во првата средба кај генерација родени 2008 и 2009 тимот на РК Бисинов од Велес го победи РК Парт.Зоррафски Вардар со  резултат 13-4. Тимот од Скопје прв поведе на почетокот со погодок за 1-0. Потоа велешани доминираа до крајот на првиот период и погодија пет пати, па на домор заминаа со четири плус односно 5-1.

hh
Во вториот дел продолжи доминацијата на РК Биснинов тие успеаа на неколку минути до крајот да поведат и со десет гола односно 12-2. Следеше период во кој РК Парт.Зоррафски  беше подобар противник, врза два гола и намали на 12-4. Во финишот нивниот ривал со еден гол ја потврди победата и триумфираше со 13-4.

Во втората средба тимот од Охрид, РК Седмерец Вардар дојде до победа со екипата на РК Шампион од Скопје. Охриѓани триумфираа со седум гола позитива на оваа средба.  РК Седмерец отвори одлино и направи серија 0-3. Се играше цврсто и без многу погодоци во овој период. Во финишот двата тима постигнаа по еден гол па на пауза се замина со резултат 4-1 за тимот од Охрид.
Во вториото полувреме на мечот се играше исто како и во поголем период од првиот дел. Доминираа момците на РК Седмерец, тие успеаа да  удвојат разликата од полувремето и поведоа со шест гола, 9-3 пред крајот од мечот. Со погодок во финишот остварија триумф со резултат 10-3.