Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Будимир, кадетите на Вардар со висока победа обезбедија 1/8-фин. во Брчко, на мегдан искачаме со шампионот на Хрватска, дуел кој доби епитет “финале пред финале“
Избраниците на Будимир, кадетите на Вардар со висока победа обезбедија 1/8-фин. во Брчко, на мегдан искачаме со шампионот на Хрватска, дуел кој доби епитет “финале пред финале“

Избраниците на Будимир, кадетите на Вардар со висока победа обезбедија 1/8-фин. во Брчко, на мегдан искачаме со шампионот на Хрватска, дуел кој доби епитет “финале пред финале“

Денес на турнирот во Брчко- Босна и Херцеговина во клучниот дуел за пласман понатака момците на Будимир Адријана, кадетите на РК Вардар   во салата “ТЕХНИЧКА“ се сретнаа со екипата на Спачва. Црвено-црните момци одиграа како што они знаат силно, моќно во дефанзива, сето тоа беше крунисано со одлична игра во напад што донесе сигурна и висока победа со двоцифрена предност. На овој последен дуел од групната фаза поточно во ова 3.коло до победата  дојдовме со резултат 25-15.

aa

Нашите момци уште во почетните минути од првиот дел покажаа дека денеска одат на победа и сакаат да го заверат пласманот понатака. Тие од минута во минута го газеа својот противник и создаваа предност, на одмор отидовме со дури 9 гола позитива. На полувремето на семафорот во салата “Техничка“ стоеше 16-7 во наша корист. Вториот дел само беше потврда на нашата доминација, ние мудро и паметно го одигравме истиот па по крајот на вториот период со десет позитива, 25-15 славевме.

aa3 aa4

Со оваа победа обезбедивме пласман понатака поточно се пласиравме во осминфиналето од турнирот. Таму не очекува “пеколен дуел“, тој дуел веќе доби епитет “ФИНАЛЕ пред финалето“ во кадетска конкуренција. Вардарци ќе ги одмерат силите тежок ривал, ни помалку ни повеќе шампионот на силната хрватска кадетска лига екипата на Дуго Село. Дуелот ќе се игра во 14-35 минути, од истиот ќе може да следите директен пренос на следниов ЛИНК .

aa5

* Oва воедно ќе биде дуел  на двајцата топ-5 стрелци на турнирот, нашиот Бојан Чакалиќ кој со 17 гола е четврти стрелец, а на спротивната страна со 19 гола Фабијан Грубишиќ кој досега е 3-ти стрелец на турнирот.