Денес во спортскиот рекреативен центар Кале започна четвртото коло во ракометната “Јуниор“ лигата. Први на програмата беа натпреварите во машкиот дел, кај генерацијата родени “2006/07“ година. Победа издвојуваше екипата на РК Ангели, додека со нерешен резултат одиграа Бисинов и Драчево.
РК Ангели убедливо го доби својот дуел против екипата на РК Балтепе од Тетово, со резултат од 3:14. Само во еден наврат резултатот беше израмнет кога беше 1:1, за во следните минути тимот на Ангели да постигне три последователни голови и да зголеми на 1:4. Намали тимот на Балтепе на 3:4, постигнувајќи два последователни голови, но Ангелите вратија со нова серија од 0:4 и на мал одмор се замина со резултат од 3:8. Интересно во вториот дел, екипата на Балтепе не успеа да постигне ниту еден гол, напротив Ангели кои беа расположени за погодоци и во овој дел од мечот, за на крај да слават со конечен резултат од 3:14.
Најефикасен кај Ангели беше Глигориј Ацески со 6 постигнати голови, додека Лео Ѓорѓиев постигна 4 голови. Кај Балтепе, Марко Милевски постигна два гола, додека еден беше дело на Михаил Штакле.
На вториот дуел во истава генерација се сретнаа екипите на Бисинов и Драчево, натпревар кој заврши без победник и со нерешен резултат од 14:14. Во првото полувреме во четири наврати екипата на Драчево имаше предност од два гола, но пред крајот на првото полувреме, Бисинов успева да направи резултатски пресврт и да поведе со 7:6, откако направи серија од 3:0 при предност на Драчево од 4:6. Сепак на полувреме ниту една од екипите немаше водство, кое заврши со резултат 8:8.
Бисинов подобро го отвори второто полувреме кога постигна два последователни голови и поведе со 10:8. Имаше Бииснов и предност од 12:10 која не успеаа да ја зачуваат, дозволувајќи на Драчево да израмни на 12:12. Драчево дури беше и во предност од 13:14, но екипата на Бисинов го постигна последниот гол на натпреварот, за поставување на конечните 14:14 на овој интересен дуел.
Кај екипата на Бисинов, најдобар стрелец беше Бојан Кослов кој постигна пет голови, додека Драчево го имаше единствено расположениот Тевдовски, кој го заврши дуелот со 10 погодоци.