Алушовски ги има на располагање сите ракометари, европскиот шампион Вардар е комплетиран. Последен се приклучи хрватскиот интернационалец, Иван Чупиќ.
Крилото ќе ја минува процедурата, па по тестот за Ковид-19, ќе биде подложен на стандардни лекарските прегледи. Од како ќе се окончаат сите формалности, ќе може да му се стави на располагање на стратегот на вардарци. Од страна на РФМ има изготвен протокол, па веќе момците тренираат и во сала, деби дуелите за оваа сезона „новиот Вардар“ ќе ги има на Струшкиот турнир од 12 до 16 август.