Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јованчев за Вардар фанс: КК Вардар ми укажа доверба, уважувајќи го мојот труд и лојалност кон тимот
Јованчев за Вардар фанс: КК Вардар ми укажа доверба, уважувајќи го мојот труд и лојалност кон тимот

Јованчев за Вардар фанс: КК Вардар ми укажа доверба, уважувајќи го мојот труд и лојалност кон тимот

Нов кормилар на првиот тим на КК Вардар ќе биде, Александар Јованчев. Млад стручњак кој молњевито напредуваше во „струката“ од ден во ден, како вреден работник. Повеќе од заслужено ја доби довербата на управата да го води тимот, покажа и докажа досега дека е еден од најперспективните тренери. Освојуваше со младите црвено-црни тимови трофеи, направи ГОЛЕМ успех како селектор на М16 македонската селекција, сето тоа беше „зачинето“ и со наградата за најдобар тренер во млади категории.

Вардар фанс разговара со новоименуваниот „шеф на струката“ во црвено-црниот кошаркарски колектив за привелегијата да го види тимот. Речиси половина деценија Јованчев минува во нашиот тим, каде посветено напредува и се усовршува.

Ова е моја петта сезона во Вардар, до сега главно бев задолжен за младинскиот погон односно за генерациите до 16 и 18 години. Во изминатите 4 сезони мојата кариера во Вардар се движеше во нагорна линија. Со генерациите 2001, 2002, 2003 освоивме многу пехари и во домашните првенства и на меѓународни турнири. Како круна на се то тое е и третото место со репрезентацијата М16 на Европското првенство во Сараево, како и наградата за најдобар млад тренер. Во изминатите 4 години имав понуди да соработувам со некој од клубовите кој имаат високо реноме во македонската кошарка, но сепак во неколку наврати одлучив да останам во Вардар. Задоволен сум што управата на Вардар ја цени мојата досегашна работа и на најдобар можен начин ја награди мојата лојалност кон клубот.

Новиот кормилар ни ги соопштува очекувањата за новата сезона, истата поради прекинот на изминатата сезона ќе биде со повеќе прволигаши, но и со поголем број на тимови кои ќе ја напуштат кошаркарската елита по крајот, па не очекува тешка битка.

48398782_2000833253550535_8096151028136673280_n-660x330

Сезоната која што претстои ќе биде навистина тешка со оглед на фактот што дури четири екипи ќе испаднат од елитата. Верувам дека ќе направиме комбиниран состав од млади и нешто поискусни играчи. Опстанокот во лигата е секако успех за нас, но зошто да не се обидеме да направиме нешто повеќе. За мене е посебен предизвик да инволвирам дел од младинците во првиот тим. Станува збор за комплетни играчи кој целосната младинска обука ја поминаа со мене во изминагите 4 години.

Кога сме кај персоналниот состав на ростерот, црвено-црните повторно ангажираа млади македонски кошаркарски надежи, што всушност е и вардарова цел. Покрај тоа Јованчев на располагање ќе го има и Провел, важен играч кој нашиот тим успеа да го задржи.

Провел е навистина важен играч за нас, верувам дека ќе продолжи да игра во исто светло како и изминатите години и да дава значаен придонес за тимот. Сите останати играчи се добро избрани карактери со кој што ќе треба да создадеме добра работна атмосфера. Работиме на тоа да избереме квалитетни играчи на високите позиции. Доколку се исполнат плановите сигурен сум дека новиот состав добро ќе се претстави во новата сезона-завршува Јованчев.

Михајло Тушевски