Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алекс Душебаев: Најважно ни беше да победиме, секој бод е важен бидејќи лигата оваа сезона е со поголем квалитет

Алекс Душебаев: Најважно ни беше да победиме, секој бод е важен бидејќи лигата оваа сезона е со поголем квалитет

Екипата на РК Вардар полека фаќа победнички ритам, откако вчера успеа да запише уште еден триумф во сеха-лигата. Во спортскиот центар Јане Сандански за противник ја имавме екипата на ППД Загреб, која ја совладавме минимално со резултат 32:31. Во текот на целиот меч го контролиравме резултатот и имавме постојано водство. Најефикасен во нашите редови беше Алекс Душебаев, кој дуелот го заврши со 8 постигнати голови. Тој во изјава за сајтот на сеха-лигата даде свое мислење за овој натпревар.

-Знаевме дека ќе биде тешко, бидејќи екипата на Загреб е една од најсилните во сеха-лигата. Најважно ни беше да победиме, бидејки противникот беше со голем квалитет. Овие натпревари се многу важни за нас, пред настапите во лигата на шампионите. Наша цел е да се пласираме на завршниот турнир во сеха-лигата. Поврзавме три победи во ова натпреварување. Најпрво ја совладавме екипата на Металург, потоа Веспрем и еве сега против Загреб. Секој бод е важен бидејќи лигата оваа сезона е со поголем квалитет. Сега не очекува мал одмор и  мислите ќе ги насочиме на следниот натпревар кој ни следува, изјави Алекс Душебаев.

Поранешниот играч на Вардар, десното крило Лука Раковиќ потенцираше дека Вардар бил подобар тим, но дека ќе се обидат во следните мечеви со црвено-црните да одиграат подобро.

-Најпрво да и честитам на екипата на Вардар кои беа подобрата екипа. Беше еден занимлив и интересен натпревар, на кој на крајот можеби и ни недостасуваше малку среќа. Мислам дека добро одигравме, иако имавме неколку грешки во двата правци на играта. Сепак се надевам дека со тек на времето ќе ги поправиме и анализираме и подобро ќе се подготвиме за следните мечеви со Вардар во сеха и лигата на шампиони, рече Лука Раковиќ.