Нова радост ни донесоа Вардаровите екипи во купот на Македонија. Младинците на ФК Вардар успеаа да ја победат Шкендија и да се пласираат во 1/8 на купот. Само еден гол го одлучи победникот на овој натпревар, кој беше дело на Александар Најдоски.
Тренерот на малдинците го започна мечот во следниов состав: Трајчевски, Џуклески, Исмаил, Б. Тодоровски, Ричков, Личина, Додевски, Димитровски, Најдовски, Димков, Беќири.
Во игра влегоа уште и Едис Хамзиќ и Оливер Дишлиевски.
По примерот на кадетите и младинците на Љупчо Марковски ја поминаа првата пречка од купот и се најдоа во следната рунда од ова натпреварување. Се играше цврст натпревар, немаше многу шанси со повеќе игра на средината на теренот. Мечот изобилуваше со голема борбеност на теренот, на кој Вардарци подобро се снајдоа. Моментот на одлука се случи во 45 минута од првиот дел, кога Александар Најдоски ја затресе противничката мрежа. Овој резултат на крај се покажа како конечен. На голот претходеше слободен удар кој беше направен над Дарко Додевски. Виктор Димков биеше, голманот на Шкендија ја одбрани топката, но истата стигна до Најдоски кој биеше прецизно за водство од 1:0.
Во вториот дел резултатот остана непроменет, без некои посериозни шанси кон двата гола. Ова е вкупно петта победа во новата сезона за младинците, прва во купот со која обезбедивме учество во 1/8. Во лигата имаме максимални 12 освоени бодови.