Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Градскиото дерби со Работнички во недела 15-30ч, Мечкаровски главен судија,потоа “Филип втори“ се затвора
Градскиото дерби со Работнички во недела 15-30ч, Мечкаровски главен судија,потоа “Филип втори“ се затвора

Градскиото дерби со Работнички во недела 15-30ч, Мечкаровски главен судија,потоа “Филип втори“ се затвора

Викендов на програмата е  шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, во дербито на колото ќе се сретнат Вардар и Работнички. Градското дерби кое воедно е и меч кој ќе го даде лидерот на табелата по крајот на колото се игра  во недела од 15 часот и 30 минути.

Црвено-црните се домаќини на овој дуел, ние сме во низа од  девет дуела  без пораз против „Романтичарите“, комшиите од Градски парк  не забележале победа со избраниците на Гоце Седлоски   од 4-ти мај 2014 година. Нашиот тим може да  ќе го задржи врвот на табелата во најквалитетното домашно фудбалско натпреварување и со реми исход. Вардар по пет кола е лидер со 13 бода и серија од четири меча во кој победуваме. Имаме најефикасен напад во првата лига со постигнати 14 погодоци или во просек 2,8 по меч. Нашата одбрана заедно со на тетовска Ренова е најуспешна со само примени два погодоци во пет кола, или во просек 0,4 примени голови по натпревар. Покрај ова го имаме и најдобриот стрелец во лигата Балотели кој е на првата позиција на листата на стрелци со 6 погодоци. По овој дуел најголемиот стадион во земјата арената “Филип втори“ повторно ќе биде недостапен за користење, поради зафати за санирање. Повторно црвено-црните ќе мора да бараат алтернативен терен.

vardarfans meckarovski glaven sudija

Денес фудбалската федерација на Македонија ја делегираше судискаката тројка за градското дерби. Главен делител на судиската правда ќе биде Димитар Мечкаровски, негови помошници ќе бидат  Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти е Саше Тошески, а  дополнителни судии на дуелот се Константин Влахо и Дарко Стојчевски.