Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација “2002“ со убедлив триумф се пласираше во следната рунда на националниот куп

Генерација “2002“ со убедлив триумф се пласираше во следната рунда на националниот куп

Генерација родени “2002“ година денес на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар  одиграа уште еден натпревар против екипата на Башкими од Куманово. Овој дуел беше во рамките на 1/16 на националниот куп, на кој нашите млади надежи беа повторно убедливи. Сега триумфот беше изразен со резултат 7:0.

И овој дуел се одвиваше на идентичен начин како и претходниот. Однапред се знаеше победникот, единственото прашање беше со колкава разлика ќе биде изразена победата. Уште по првото полувреме го најавивме триумфот кога на одмор се замина со резултат 4:0. Ниту во вториот дел не запреа нашите напади кон противничкиот гол, кои резултираа со уште три погодоци во противничката мрежа. Башкими речиси и да не направи ништо кон нашиот гол, одбраната на Вардар функционираше безпрекорно и не дозволуваше никакви сериозни акции кон својот гол. Во неделата на своите врсници од Куманово им дадовме шест гола, денес уште седум или вкупно тринаесет во два дуела за четири дена.

На денешниот куп натпревар Азер Омерагиќ и Харбин Речица постигнаа по два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Марио Илиевски, Ринор Исени и Атом Фазлиу. Со оваа победа обезбедивме пласман во следната рунда на националниот куп кај фудбалските надежи родени 2002 година и помали.