Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардаровите кадети посреќни во пенал рулетот од екипата на Шкендија, црвено-црните се пласираа во 1/8 на купот

Вардаровите кадети посреќни во пенал рулетот од екипата на Шкендија, црвено-црните се пласираа во 1/8 на купот

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се патници во следната рунда од купот, откако денес беа подобри од својот противник. Во рамките на 1/16 од купот на Македонија, нашите кадети беа подобри од екипата на Шкендија.

Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетимина: Зибери,Тасески, Јордановски, Серафимов, Петрески, Наскоски, Скендерски, Абдул Шкор, Менкиноски, Трајчевски, Стоименов

Победникот беше решен дури по изведувањето на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со оној почетен резултат 0:0. Имавме неколку добри шанси да постигнеме гол во регуларните 90 минути, но сепак не бевме ефикасни во завршниот удар. По изведувањето на пенали, победивме со резултат 3:2. За Вардар успешни од белата точка беа капитенот Александар Трајчевски, Никола Серафимов и Христијан Стојчевски. Јакуп Бериша и Гоце Насковски не успеаа да погодат. На спротивната страна, Шкендија не реализира дури три пенали. Едниот успешно го скроти Малик Зибери, додека другите два удари беа надвор од рамките на нашиот гол.

На овој начин успеавме да се пласираме во 1/8 од националниот куп. Продолжува добрата серија за кадетите во новата сезона. Покрај пласманот во следната рунда од купот, избраниците на Влатко Колев го држат првото место на табелата во лигата со максимални 12 освоени бодови.