Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар ќе ја стартуваат сезоната против РК Алушовски, позната групата и противниците за новата сезона
Кадетите на РК Вардар  ќе ја стартуваат сезоната против РК Алушовски, позната групата и противниците за новата сезона

Кадетите на РК Вардар ќе ја стартуваат сезоната против РК Алушовски, позната групата и противниците за новата сезона

Кадетите на ракометниот клуб Вардар изминатата сезона предодени од Адријана Будимир на доминантен начин се “прошетаа“ до најсјаното одличје во пионерската лига. Тие во кадетската лига беа одлични во групата и се пласираа на завршниот Ф4. По судиска неправда во полуфиналето немаа можност да играат за злато, сепак доаѓа нова сезона наесен во која тие ќе атакуваат на врвот во кадетската конкуренција.

Во истата се  дефинирани тритте групи каде се поделени кадетските состави од нашата земја. Вардар се наоѓа во групата-1. Покрај нас има во истата уште осум ривала, станува збор за екипите на: Аеродром, РК Алушовски, РК Шампион, РК Пролет, РК Бутел, Металург, Драчево и РК Македонија Ѓорче Петров.
Првото коло е предвидено за на 1 или 2 септември. Ние ја почнуваме одбраната на титулата со дуел против тимот на РК Алушовски во истиот ќе бидеме домаќини на “Кале“. И оваа сезона сме фаворити за титулата во оваа конкуренција.