Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејан Милосављев и официјално е нов голман на РК Вардар
Дејан Милосављев и официјално е нов голман на РК Вардар

Дејан Милосављев и официјално е нов голман на РК Вардар

Она што претходно се најавуваше, утрово доби и официјализација. Нов голман на РК Вардар ќе биде србинот, Дејан Милосављев кој доаѓа од екипата на Партизан од Белград. Потпишан е договор, според кој Милосављев треба да го брани голот на црвено-црните во наредните три сезони. Денес тој ќе има можност да се запознае со својот нов тим и соиграчите, со оглед дека стартуваат подготовките за новата сезона.

Со своите 196 см. Милосављев делува импозантно меѓу стативите. Беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска. Иако не доби шанса да брани тренираше со колегите што покажува дека на него сериозно се смета. Тој уште во 2015 година беше повикан во сениорската репрезентација на Србија.

Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ каде играле многу познати ракометари што потоа направиле светска кариера. Две сезони настапуваше за Партизан од Белград, а малку време мина и во Катар во тимот на Лехвија како позајмен играч.

Милосављев, заедно со Милиќ и Ѓорѓески ќе го сочинуваат голманското трио на Вардар, во новата натпреварувачка сезона.