Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започна пријавувањето на екипи за настап во детската фудбалска лига, новитет ќе бидат и најмладите кои се родени “2011„ година
Започна пријавувањето на екипи за настап во детската фудбалска лига, новитет ќе бидат и најмладите кои се родени “2011„ година

Започна пријавувањето на екипи за настап во детската фудбалска лига, новитет ќе бидат и најмладите кои се родени “2011„ година

Во тек е пријавувањето на екипи, кои ќе бидат дел од детската лига на ФФМ, за натпреварувачката сезона 2018/19. Новитет во новата сезона ќе биде натреварувањето на екипи, составени од играчи кои се родени 2011 година.

После два последователни трофеи во детската лига, генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година ќе ја имаат дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. Генерацијата родени “2006“ година ќе се обидат за прв пат да станат шампиони на Македонија, откако претходните две години играа во големото финале, но не успеваа да стигнат на врвот. Шампионската генерација “2007“ ќе се обиде по четврт последователен пат да ја освои детската лига во својата категорија и да ја потврди доминацијата во Македонија, додека хет-трик на освоени трофеи ќе “брка“ и генерацијата родени “2008“ година. Генерациите родени “2009“ и “2010“ година ќе се обидат да го подобрат пласманот од минатата сезона, кога не успеаа да стигнат на завршниот турнир, сепак сега се за една година поискусни, па повеќе се очекува и од нив, додека за најмладите родени “2011“ година, детската лига ќе  биде сосема ново искуство, но и можност за дружење и совладување на основите во фудбалската игра.

“Петлињата“ на Вардар своите подготовки треба да ги започнат на почетокот на месец август, или поточно на 5-ти, додека детската лига треба да стартува на почетокот на месец септември. Пријавување на екипи во детската лига ќе трае се до 22-ви август. Повторно екипите ќе се натпреваруваат во шест региони,  Северен, западен, источен, југозападен, преспанско-пелагониски и централен регион. Најдобрите од сите региони ќе се борат за трофеите, на завршниот турнир, кој се одигрува на терените на ФФМ.