Од периодот од 23-26-ти август, екипата на РК Вардар ќе биде дел од силен меѓународен турнир во Стразбур, на кој ќе настапат квалитетни екипи, кои се дел од Лигата на Шампионите. Вардар ќе биде во група со екипите на ПСЖ и Брест Мешков, додека другата група ја сочинуваат Веспрем, Нант и Монпелје. Првиот меч, црвено-црните ќе го одиграат на 24-ти август, против тимот на ПСЖ, кога ќе се соочат со поранешниот тренер, Раул Гонзалез.
Веќе се пуштени билетите во продажба за овој турнир, а девојки облечени во дресот на Вардар, го најавуваат истиот.