Вчера ракометарите на Вардар ги извршија неопходните лекарски прегледи. Истите се одвиваа во просториите на ПЗУ Кинетикус Спортмед, каде играчите добија многу совети за своето здравје.
Вардар веќе ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, истите одредено време ќе се одвиваат надвор од сала, додека не биде изготвен протоколот за заштита од корона вирусот.