Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Попова: Очекувам лесна адаптација во ЖРК Вардар, тоа е тимот во кој сакам да напредувам
Попова: Очекувам лесна адаптација во ЖРК Вардар, тоа е тимот во кој сакам да напредувам

Попова: Очекувам лесна адаптација во ЖРК Вардар, тоа е тимот во кој сакам да напредувам

ЖРК Вардар веќе ги закажа подготовките за новата сезона, истите се предвидени за на 3.август во Скопје. Прв пат во црвено-црниот дрес ќе одработат тренинг две нови девојки, летните засилувања на Вардар. Една од нив е Попова Јасмина. Со неа ќе биде пополнета десната бековска позиција во тимот, станува збор за млад играч кој доаѓа од суперлигашот, ЖРК Гевгелија. Младата ракометарка која е родена 2003 година ќе ја засили конкуренцијата на бековските позиции од каде имавме заминувања. Станува збор за девојка за  која се смета дека има голем потенцијал и која со правилна работа и насочување може да биде еден од столбовите на Вардар.

Целата досегашна кариера ја минала во матичниот тим ЖРК Гевгелија, по минувањето на сите категории се одлучува да го засили тимот на Вардар, каде гледа прилика за нејзино ракометно раснење и напредување.

Мојот ракометен пат започна кога  се приклучив на тимот  ЖРК Гевгелија,  моите први ракометни чекори беа кога  имав 13 години. Ги минав сите категории, играв за кадетките, потоа младинки и  на крајот сениорскиот тим во Гевгелија. Дојде време за промена, се одлучив на предизвикот Вардар со цел да успеам да стигнам до репрезентација со добри и напорни тренинзи. Во црвено-црниот тим ја гледам шансата да напреднувам и да се докажувам како млад играч.

gg

Нашиот нов бек очекува лесно да се адаптира на новата средина, дел од колешките познава од претходно. Вели дека менувањето на клубот носи потешкотии, но таа верува дека со голем труд, многу работа и посветеност ќе успее во своите намери.

Со напорна работа ќе се потрудам да ја искористам шансата која ми е дадена од тренерите и да го оправдам моето место во тимот. Сеуште не се познавам со сите девојки, но со одредени се познавам надвор од терен, играв против нив преку училиштата и мислам дека нема да биде проблем се адаптирам. Секако, секој почеток е тежок, но сметам дека се ќе помине во најдобар ред и ќе допринесам за успех на мојот нов тим.

За крајот ни открива кои се очекувањата во двете конкуренции со тимот на Вардар и нејзините амбиции за својата иднина како млад ракометар на клубски и репрезентативен план.

За сениорска лига ќе атакуваме кон повисоко место на табелата, а се надеваме и на титула. За младинска лига имаме поголеми шанси за прво место на табелата. Верувам дека ќе одиграме одлична сезона. Кога станува збор за мојата ракометна иднина, се уште сум млада и имам уште многу да научам. Би сакала еден ден да се пронајдам во поголеми клубови како Ѓер, Будуќност кои играат на европска сцена. Голема желба имам исто така еден ден да го облечам репрезентативниот дрес. Се ќе си дојде со време, а секоја цел се постигнува со напорна работа и „позитива“ дека можеш да успееш- вели  Попова Јасмина.

Михајло Тушевски