„Handball TV” направи анализа на платите кои ги добиваат играчите кои се дел од Вардар.
Секако, пред ерата на Сергеј Самсоненко, платите биле пониски, што е и реално, според имињата на играчи кои го носеа црвено-црниот дрес, за истите значително да пораснат во последниве седум години.
Во времето на Михајло Михајловски, најплатен играч бил, Рајко Продановиќ со плата од 3.500 евра месечно, а по него следеле Борко Ристовски и Илија Абутовиќ.
По превземањето на клубот од страна на Самсоненко, во Вардар започнаа да доаѓаат звучни имиња како Дибиров, Душебаев и Штербик.
Според анализата на „Handball TV”, најплатен ракометар во историјата на Вардар е Игор Карачиќ, кој достигнал месечна плата од 15.500 евра, додека по него следеле Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс со 15.000 евра, а Штербик бил со 14.800 евра месечни примања.