Ловро Јотиќ ќе биде играчот кој во новата сезона ќе биде задолжен за организација на играта во редовите на Европскиот Шампион.
По само една сезона помината во Еурофарм, Јотиќ повторно ќе остане во Македонија, но овој пат во црвено-црниот дрес. Беше договорен со екипата на Бенфика, но пандемијата со корона вирусот направи пресврт во неговиот договор, па хрватскиот интернационалец заврши во редовите на Вардар.
Јотиќ на својот инстаграм профил сподели дека е среќен и возбуден што е дел од Вардар.