Светското ракометно првенство е големо натпреварување, на кое се откриваат и новите ракометни ѕвезди кои во иднина треба да блеснат. Еден играч на Вардар е вброен во 35-те најголеми таленти на мундијалот во Германија и Данска.
Се работи за голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој доби шанса да биде дел од репрезентацијата на Србија. Него не го видовме на првиот дуел против Русија, селекторот се одлучи шанса да им даде на повозрасните и поискусни Веркиќ и Цупара.
Меѓу најголемите таленти се вбројуваат и македонските репрезентативци, Серафимов и Танкоски, кои добија шанса од селекторот Гонзалез да го почуствуваат ова големо натпреварување.