Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија со прва победа на мундијалот, Шишкарев најефикасен на мечот
Русија со прва победа на мундијалот, Шишкарев најефикасен на мечот

Русија со прва победа на мундијалот, Шишкарев најефикасен на мечот

Руската ракометна репрезентација за која настапуваат четворица играчи од Вардар стигна до првата победа на мундијалот, откако попладнево ја совладаа селекцијата на Кореја.

Кореја имаше само едно и единствено водство и тоа на почетокот кога успеа да го отвори резултатот, по што Русија врати со три гола во серија, по еден на Шишкарев, Дибиров и Косоротов за предност од 3:1. И на овој меч главниот збор го имаа вардаровите играчи, кои придонесоа за првиот триумф, откако вчера ремизираа со селекцијата на Србија. По 10.минути игра со погодокот на Шишкарев имаа водство од 7:4, за серијата да продолжи и во следните минути, кога погодија Дибиров и повторно Шишкарев, за највисоки шест голови разлика (10:4) во 13.минута од натпреварот. Одличен на голот беше и Киреев кој стигна до својата четврта одбрана. Интересно во 19 минута, резултатот беше 13:7, а Шишкарев стигна до својот 6 гол, а целиот состав на Кореја имаше постигнато седум погодоци. Одлично играа избраниците на Кокшаров на овој дуел и постојано ја зголемуваа предност, која најмногу достигна 8 гола позитива (17:9) во 25 минута. Следеше серија на Кореја од три последователни погодоци за да ја смали негативата на 17:12, а истата ја прекина пикерот на Вардар, Калараш кој ги постигна следните два гола за Русија. По првиот дел, “зборнаја„ има водство од 20:13. Се истакна Шишкарев со 6 голови од 7 обиди, како и голманот Киреев со 8 успешни интервенции.

Кокшаров реши во во второто полувреме да ги одмори Дибиров и Шишкарев, но и тоа не претставуваше проблем за Русија да ја одржува високата предност. По 43 минути игра резултатот беше 26:18, а играта поради три исклучувања, што значи и црвен картон, мораше да ја напушти Дмитри Кисељев. Уште еден дебитант во руската рпрезентација на мундијалите, десното крило, Фокин успева да се запише во листата на стрелци и да и донесе на својата селекција најголеми девет голови позитива (29:20) во 48 минута. Остатокот од натпреварот беше рутина за Русија, која слави победа со резултат 34:27.

Шишкарев беше најефикасен на натпреварот со 7 голови, Дибиров постигна 3, додека Калараш 2 погодоци.