Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Келце е тежок ривал, не очекува многу борба
Алушовски: Келце е тежок ривал, не очекува многу борба

Алушовски: Келце е тежок ривал, не очекува многу борба

Нов предизвик во ЛШ е пред Вардар 1961, следен ривал е  тимот на Келце, лидерот во групата. Со полскиот тим ќе одиграме  два меча, најпрвин дома во  четврток, а потоа за една недела ќе гостува кај нив. Тренерот на Европскиот првак, Стевче Алушовски даде видување за мечот.

Она што треба да го кажеме пред натпреварот со Келце, е дека за време на репрезентативната пауза, но и по неа, имавме двајца играчи со проблеми. Јотиќ имаше мала повреда на скочниот зглоб, додека Талески се врати со оток на колентоо, нашиот лекарски тим успеа да ги осопособи па ќе бидеме комплетни за оваа средба.Не очекува еден тежок натпревар со лидерот во нашата група, според мене покажа најмногу од сите екипи во групата, незгоден противник составен од некогашни играчи на Вардар, тука мислам на Карачиќ и Душебаев, кои знаат што значи да се игра во Скопје, очекувам неизвесен натпревар. Клучот на успехот треба да биде нашата игра во одбрана, се подготвуваме, анализираме се што значи опасност од играта на Келце, мислам дека во четврток ќе бидеме максимално подготвени за овој дуел.

Натпреварот во четврток се игра од 18:45 часот со преност на МТВ.