Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Оцвирк: Останувам дел од Вардар, Парондо: Со Извиѓач ќе дадам шанса на тие со мала минутажа
Оцвирк: Останувам дел од Вардар, Парондо: Со Извиѓач ќе дадам шанса на тие со мала минутажа

Оцвирк: Останувам дел од Вардар, Парондо: Со Извиѓач ќе дадам шанса на тие со мала минутажа

РК Вардар  во среда во СЦ „Јане Сандански”, во дуел од регионалната СЕХА лига го пречекува шампионот на Босна и Херцеговина тимот на РК Извиѓач. По тој повод на денешната прес-конференција тренерот на црвено-црните, Роберто Гарсија Парондо изјави:

Играме против тим што не го познаваме многу добро и е последен на табелата, но ако ги погледнеме резултатите се забележува дека губат со минимални разлики од 2 до 3 гола најмногу. Затоа е важно да не се опуштиме против овој противник. За нас е битно да победиме, зашто секоја победа ни е важна за да стигнеме на Фајнал 4 турнирот од лигата. Битно е на овие натпревари да им дадеме шанса на играчите кои не се појавуваат често во натпреварите во ЕХФ лигата на шампионите, за другите да можат да се одморат-рече тренерот Парондо.

На прес-конференцијата преставник од играчите беше левиот бек на вардарци,  Грегор Оцвирк. Тој покрај видување за мечот даде информација и за неговиот аражман во вардаровиот дрес, тема која ги окупираше пред се медиумите во неговата земја.

Секој противник го почитуваме и цениме, но во среда ќе нѐ интересира само победа. Играме да ги освоиме бодовите, а како што спомна тренерот во екипата ќе бидеме играчите кои не настапуваат често во Лигата на шампионите. Јас сум дел од тимот и  останувам и понатака  во вардаровиот дрес- рече Оцвирк.