Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За мечот од СЕХА лигата со Извиѓач во среда, билетите се само 50 денари
За мечот од СЕХА лигата со Извиѓач во среда, билетите се само 50 денари

За мечот од СЕХА лигата со Извиѓач во среда, билетите се само 50 денари

Викендов не очекува  големото дерби во ЕХФ Лигата на шампионите, го пречекуваме тимот на Киелце. Сепак претоа имаме нов регионален предизвик, за ракометарите на Вардар престои нов тест во СЕХА Газпром лигата.

Во среда на 28 ноември во Скопје гостува првакот на Босна и Херцеговина, Извиѓач. Како што велат од клубот Вардар е фаворит, но сакаат заедно со  навивачите да се радувааат на нов триумф. Натпреварот се игра  со почеток во 20:15 часот во нашиот дом СЦ „Јане Сандански“.

За истиот веќе се во продажна билети на  билетарата пред салата,  цената е крајно поволна и изнесува само 50 денари. Вардарци ќе пробаат да се вратат на врвот на регионалната лига со нова победа, ние сме дефинитивно фаворит против тимот кој е “фенерџија“ на табелата по досегашниот дел од сезоната во ова натпреварување.