Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо на Македонски јазик: Задоволен сум од победата, иако не одигравме со 100 проценти од можностите
Парондо на Македонски јазик: Задоволен сум од победата, иако не одигравме со 100 проценти од можностите

Парондо на Македонски јазик: Задоволен сум од победата, иако не одигравме со 100 проценти од можностите

Вардарци имаа добра увертира пред дуелот во сабота против екипат на Киелце. Вечерва нашиот шампион немаше поголеми проблеми во дуелот со тимот на Извиѓач, кој го совлада убедливо со резултат 38:27. На прес-конференцијата пред медиумите на чист македонски јазик зборуваше Парондо, кој ги искажа впечатоците од победата.

-Ќе се обидам да го искажам своето видување на македонски јазик. Одигравме многу добар натпревар. Ова беше можност за сите ракометари кои беа во тимот да добијат минутажа и според мене таквата можност пред следниот натпревар е многу добра. Задоволен сум иако не можам да кажам дека екипата одигра со 100 проценти од можностите, сепак ракометарите играа со висок интензитет. За мене беше добар натпревар.

Свое видување даде и Јана Војводиќ, кој беше стрелец на 6 голови.

-Им честитам на Извиѓач за фер и коректната игра, пружија добар отпор, а се надевам дека и на гледачите им се допадна натпреварот.