Вардар стигна до седмиот триумф во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните убедливо ја победија екипата на Извиѓач (38:27). Најдобрата акција на мечот ја имаа вардаровите играчи, односно голманот Милосављев и Оцвирк. Милосављев во контра-напад го пронаоѓа Оцвирк, кој со ефектен гол ја затресе мрежата на противникот, акција која е избрана за најдобра на овој натпревар.