Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Награди на турнирот во Грција- Чакалиќ е најдобар стрелец, наградата за најдобар пикер е за Димчевски, а Будимир дел од “најемотивниот момент“

Награди на турнирот во Грција- Чакалиќ е најдобар стрелец, наградата за најдобар пикер е за Димчевски, а Будимир дел од “најемотивниот момент“

Пионерите на ракометниот клуб Вардар во периодот од 7ми месецов до вчера 11-ти беа дел од силен меѓународен ракометен турнир во Вериа, Грција. На истиот тие одиграа пет меча, на истите победија на четири и на еден одиграа реми. Покрај тоа вчера одиграа и ревијален меч, шестти вооопшто, по барање на организаторот со француски ПСЖ кој високо го совладаа.

Покрај овие успеси на нашите млади надежи тие вчера не израдуваа и со две индивидуални награди. Сосема очекувано лидерот на црвено-црните пионери, момчето кое секој меч беше прв стрелец во вардаровиот табор на овој турнир дури и на дуелот со ПСЖ, левиот бек  Бојан Чакалиќ е прогласен за најдобар стрелец на турнирот во неговата возрасна генерација. Покрај тоа во иделниот тим имаме уште еден вардарец, Благој Димчевски беше избран за најдобар пикер на турнирот во пионерската категорија.

Наајдобар и најемотивен момент според организаторот на турнирот

Најдобар и најемотивен момент според организаторот на турнирот

Покрај ова добивме и уште една награда тоа е за “најдобар и најемотивен момент“ на целиот ракометен турнир. Организаторот го избра моментот  кога тренерот на вардаровиот пионерски состав  Андријана Будимир теши едно од момчињата по пенал рулетот во четвртфиналето каде несреќно загубивме. Организаторот тој момент преку врамена фотографија им го предаде како еден спомен за нашите вардарци. Момците се враќаат за Скопје каде следи процес на рехабилитација од големиот напор, бидејќи одиграа шест меча за кратко време, а и со цел подобра подготовка за следните предизвици. Тие својот следен домашен меч ќе го имаат идната среда со РК Работнички, дуел клучен за пласманот на Ф-4.