РК Вардар им се враќа на натпреварите во ракометната Супер лига. По успешната недела мината во Белорусија, нашите играчи сега фокусот го насочуваат кон натпреварите во домашниот шампионат. Вечерва вардарци ќе му гостуваат на тимот на Еурофарм Работник во Битола. Екипата од Битола во плеј оф делот имаат одиграно два натпревари, на кои забележаа победа против ГРК Борец и пораз во дуелот со Охрид.
Ова ќе биде вториот натпревар за нашиот тим во Супер лигата, по оној воведен пораз од Металург. По поразот во првото коло, сега Вардар веќе нема право на опуштање и нови киксови.
Натпреварот против Еурофарм Работник е закажан за 19 часот. Инаку, утре и задутре Вардар ќе одигра уште два натпревари, противници ќе бидат Пелистер и Охрид.