Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Побрзајте да набавите билет за реванш мечот од 1/4 на ЖРК Вардар против Митјиланд

Побрзајте да набавите билет за реванш мечот од 1/4 на ЖРК Вардар против Митјиланд

Во сабота екипата на ЖРК Вардар го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во лигата на шампионите. Избраничките на Ирина Дибирова со два гола предност ќе го започнат реваншот во Скопје, откако на гостувањето во Данска славеа со резултат 26:28. Вардарки се многу блиску до нов четврти последователен завршен турнир во Будимпешта, а целта да биде постигната ќе биде потребна и поддршка од публиката. За таа цел веќе се пуштени билетите за саботниот меч, кои можат да се набават секој ден од 10-18 часот пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански.

Цена на билетите е следната:

-А блок – 300 денари

-Централни – 200 денари

-Позади гол – 150 денари

ВАРДАР ПАС – само за имателите на Вардар ПАС