Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Помладите пионери на Вардар Јуниор поразени од повозрасната екипа на Аеродром
Помладите пионери на Вардар Јуниор поразени од повозрасната екипа на Аеродром

Помладите пионери на Вардар Јуниор поразени од повозрасната екипа на Аеродром

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се одигра натпревар во пионерската лига, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Аеродром. Помладите избраници на Зоран Петковски, ракометари родени 2004/05 година немаа сили да се спротивстават на повозрасната екипа на Аеродром (2002 година).

vardarfans-1

Вардар на првиот гол чекаше до 11 минутакога резултатот на семафорот гласеше 11:1. Нашите голмани немаа одбрана во првото полувреме, додека во нападот често се грешеше и шутираше од неизградени позиции. Со оглед дека оваа нова генерација на Вардар е заедно само еден месец, очигледна беа пропустите во играта на малдите Вардарци, кои реалната слика треба да ја имаат во следната натпреварувачка сезона. Најголем број од головите на Аеродром беа од контра напади, а на полувреме се замина со резултат 20:3. Кај Вардар најистакнат во првото полувреме беше крилото Гочев Маријан.

vardarfans-2-2

Второто полувреме започна со два гола на аеродромци за зголемување на 22:3, а Варар постигна гол за намалување на 22:4. Малку подобра игра на црвено-црните во вториот дел кога правеа помалку грешки. На шест минути пред крајот резултатот беше 33:6. На крајот конечниот резултат гласеше 36:10.

vardarfans-4

РК Вардар Јуниор: Спасовски, Бошковски, Табаков, Славески, Андоновски 1, Аритонов, Младеновски, Гочев 2, Алексовски, Симоновски 3, Петрушевски 2, Колевски 1, Стојменов 1, Петковски, Велковски, Стојановски.

vardarfans-3