Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со денешна победа ќе се искачиме на втората позиција на табелата
Со денешна победа ќе се искачиме на втората позиција на табелата

Со денешна победа ќе се искачиме на втората позиција на табелата

ФК Вардар попладнево ќе го одигра својот седми натпревар оваа сезона во ПМФЛ. На домашен терен шампионот на Македонија го пречекува градскиот ривал, тимот на Шкупи. Овој натпревар има големо значење за тимот на Чедомир Јаневски, Вардарци со победа ќе врзат серија од три победи едно подруго, освен тоа, со нова победа денеска ќе избијат на втората позиција на табелата, односно ќе го скокнат тимот на Академија Пандев кој денеска загуби во Кратово од екипата на Силекс.

На последните пет одиграни натпревари на екипите на Вардар и Шкупи, црвено – црните немаат пораз, односно имаат три победи и два нерешени резултати. Последен пат овие два тима одиграа натпревар на 23 април минатата сезона, тогаш тимот на Вардар како гостин победи со резултат 0:2, головите на тој меч за Вардар ги постигнаа Балотели и Барсегјан.

Се надеваме дека победничката серија на Вардар ќе продолжи и на денешниот натпревар.