Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата “2004“ на Кралевски се враќаше од негатива и на крај триумфираше за четврта последователна победа во регионалната лига
Генерацијата “2004“ на Кралевски се враќаше од негатива и на крај триумфираше за четврта последователна победа во регионалната лига

Генерацијата “2004“ на Кралевски се враќаше од негатива и на крај триумфираше за четврта последователна победа во регионалната лига

Вардаровата генерација родени “2004“ година продолжуваат со победите во регионалната – скопска лига. Деенс се одигра ново коло во кое црвено-црните гостуваа на екипата на Њу Старс. Натпреварот се одигра на теренот во Ѓорче и ѕаврши со триумф на црвено-црните со резултат 1:4.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Љушев, Богдановски, Серафимов, Павлески, Јаневски, Милошевски, Хајдари, Попов, Стојановски, Гуџуфи.

Интересно домашната екипа прва го отвори резултатот на овој натпревар и поведе со 1:0. Сепак Вардарци не ги обезрахрабри негативата и набргу почнаа да ја полнат противничката мрежа. Израмнувањето стигна преку Димитар Стоимов за резултат од 1:1. На вториот гол не се чекаше многу време, кога гол за Вардар постигна и Никола Павлески за прва предност од 1:2. Вардар доминираше на теренот и постојано создаваше шанси за голови. Таква една ја искористи Сандро Каровски кој зголеми на 1:3. Добрата игра до крајот на натпреварот ја крунисавме со уште еден гол и тоа на нововлезениот Филип Јовановски, кој го постави конечениот резултат од 1:4.

Тренерот Кралевски во игра во второто полувреме ги внесе Стефан Стојановски, Димитар Стоимов, и Филип Јовановски. Ова е четврта последователна победа за оваа генерација на Вардар, која останува со максимален број на освоени бодови.